Мојата погача со мак
Состојки
- 1 свеж квасец
- 1 јајце
- 100 мл млеко
- 100 мл кисела вода
- 50 гр растопен путер
- 2-3 лажички шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 1 пакетче ванилин шеќер
- Кора од лимон
- Малку цимет
- 400 гр брашно
- За декорација
- 1 јајце
- Мак и сусам
Подготовка
Подготовка:
Во топло млеко ставаме шеќер, квасец и малку брашно. Оставаме 10мин. да се активира квасецот, па додаваме кисела вода, матено јајце, путер, сол и слатките зачини. Соединуваме. Полека додаваме од брашното и месиме додека не се добие нелепливо тесто. Го покриваме тестото и го оставаме да се дуплира. Потоа го делиме тестото на 10 топчиња. Едното го правиме како полжав и го ставаме на средина на тавата. Останатите 8 ги формираме како солза и ги редиме околу средината. Во секоја празнина на солзичките додаваме парченце од преостанатото тесто кое е намачкано со јајце и мак. Премачкуваме со преостанатото јајце и оставаме да отстои уште 20мин. Рерната да биде загреана на 190 степени, ја ставаме погачата и печеме 25 минути. Овие состојки се за тава бр.24. На крајот ја служиме оваа погача со млеко, чај.....