Бомбици од фета сирење и индиски ореви
Состојки
- 200 гр фета сирење
- 50 гр мелени индиски ореви
- 2-3 ливчиња власец
- 1 мала главичка лук, ситно сечкан
- 6-7 зрна капари
- 1/4 лажичка бибер
- 1/4 лажичка власец
- 15 парчиња индиски ореви
Подготовка
Подготовка:
Фета сирењето го ставаме во сад и го пасираме со вилушка. Постепено ги додаваме останатите состојки и убаво соединуваме. Го ставаме во фрижидер околу 30мин да се олади и стегне. Потоа правиме бомбици од смесата, ги декорираме, сервираме и послужуваме со добар аперитив.