Пинџур со пиперки, домати и пилешко
Состојки
- 2 големи црвени пиперки
- 2 везени црвени пиперки
- 2 зелени пиперки
- 2 големи домати
- 2 парчиња пилешко месо (стек)
- 2 големи чешниња лук
- сол по потреба
- масло по потреба
Подготовка
Подготовка
Црвените пиперки, везените и зелените пиперки исецкајте ги и ставете ги во тава за пржење со малку масло. Овде ставете го и исецканото лукче. Пржите на тивок оган додека да омекнат пиперките.
Потоа, додадете ги излупените и исецканите домати во тавата со пиперките, да повријат околу 10 минути.
На крај додадете го претходно вареното пилешко и исецкано на коцки во тавата. Посолете. Пржите уште 10 мин на тивок оган.
Добар апетит.
Забелешка
За подобро да ги излупете доматите, прво земете со обратната страна од ножот поминете ги, па после со острата страна излупете ги. На овој начин прелесно ќе ја отстранете лушпата.