Кандирани кајсии
Состојки
- 1 кг кајсии
- 650-700 гр шеќер
- 1 кесичка лимонтус
Подготовка
Толку едноставно, а така добро. Правев кандирани вишни, а сега пробав со кајсии. Излегоа одлични, погодни за зимски колачи - сега користиме свежи. Сокот кој се добива е неварен и превкусен.
Подготовка:
Прво кајсиите ги миеме, ги просушуваме, ги делиме на пола, им ги отстрануваме семките, и ги ставаме во длабок сад. Ставаме шеќер и лимонтус, протресуваме и ги оставаме на ладно и темно место. Нека отстојат 5-6 часа, па повторно ги протресуваме. Кајсиите ќе пуштат вода и така шеќерот ќе се растопи. Нека отстојат 2 дена, повремено полека промешувајте ги. Потоа ги ставаме во цедалка да се исцедат. Кајсиите ги собираме во тегли и ги ставаме во замрзнувач, а сокот во шише и во фрижидер, иако можете сокот да го чувате и во замрзнувач до употреба.