Испечати

Еврејски семки

Еврејски семки

Состојки

  • 500 гр семки од кајсија
  • 9 литри вода
  • сол по потреба

Подготовка

Ова е стар рецепт, сочуван од мојата баба. Ме интересираше дали има некој објавено рецепт за овие семки, пребарав општо на интернет, но не успеав да најдам. Затоа, се решив да го објавам рецептот, се надевам дека ќе ви послужи.
 Еврејските семки се здрави и превкусни. Кој пробал, знае...

Семките од кајсија се чистат, т.е им се вадат тврдите лушпи.

Исчистените семки ставете ги во тенџере на оган со вода да вријат. На 500 гр семки, јас ставив 1 л вода.

Постапката треба да ја повторите 9 пати, т.е да извријат во 9 води.

При варењето, треба тенките лушпи сами да се одлепат, ако останат неколку, ќе ги отстраните на крајот.

При крајот пробајте. Ако не се горчливи, готови се.

Измијте ги со ладна вода, посолете убаво и ставете ги во тава за печење и печите на 200 степени околу 10-15 мин.

Уживајте во прекрасниот вкус на овие семки.