Испечати

Карамел бисквит бајадера

Карамел бисквит бајадера

Состојки

  • 3 Јајца
  • 300гр Шеќер
  • 200гр Лешник карамели
  • 1 (250гр) Маргарин
  • 450-500гр бисквити (мелени)
  • 2г.л. Какао
  • за глазура
  • 100гр Чоколадо за готвење
  • 3г.л. Зејтин

Подготовка

Една од омилените, и во класична варијанта, и на овој начин - со карамели.

Подготовка
Јајцата ги разматуваме со вилушка, го додаваме шеќерот и карамелите (исецкани на 2-3 парчиња за полесно да се растопат) ги ставаме на тивок огин додека да се растопат карамелите и убаво да се соединат состојките. Го додаваме маргаринот, мешаме додека да се стопи и тргаме настрана. Нека остине 5 минутки, па оваа смеса ја истураме врз мелените бисквити, мешаме додека да се добие компактна смеса. Се дели на 2 дела, во едниот дел додаваме какао, во тавче ставаме стреч фолија и го расплескуваме прво темниот дел, па светлиот дел. Најзгора ставаме глазура од стопено чоколадо со 3 лажици зејтин на пареа.

Оставете малку да се стегне во обичен фрижидер, сечете на правоаголници, послужете и уживајте во неодоливиот вкус на оваа бајадера.