Испечати

Полнет солен ролат

Полнет солен ролат

Состојки

  • 500гр брашно
  • 25гр свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици масло
  • 200мл млака вода
  • 1 јајце + уште едно за премачкување
  • за фил
  • 12 листови кашкавал
  • 12 листови шунка

Подготовка

Идеален за доручек, со чаша јогурт или кисело млеко.

Во мал сад, ставете 100мл млака вода, квасецот и лажичка шеќер, разматете и оставете да надојде.

Во поголем сад ставете го брашното, солта, квасецот, преостаната вода, маслото, јајцето и замесете тесто и оставете го на топло да се активира.

Тестото поделете го на два дела или можете и еден цел, со оклагија истегнете кора во форма на правоаголник, намачкајте со кечап, одозгора оригано, прво кашкавалот па шунката.
Од страна преклопете околу 2см да не истече и заролајте.
Префрлете го во тава за печење, премачкајте со јајце, сусам и малу расечете одозгора да не ви испука во текот на печењето.

Печете во загреана рерна на 200степени.