Испечати

Сендвич со пиперки и туна

Сендвич со пиперки и туна

Состојки

  • 2 црвени пиперки
  • 1 патлиџан
  • 3 лукче
  • 100 гр туна

Подготовка

Пиперките испечете ги и излупете ги.
Патлиџанот и пиперката исечете ги на коцки, додајте толчен лук и ситно сечен магдонос. Посолете, прелијте со маслиново масло. Промешајте. Оставете на еден час во фриждер.
Парчиња леб испечете на апарат за печење.
На леб ставете пиперки со патлиџан, врз него ставете туна. Украсете со гранче нане!
Добар апетит!