Урмашици на чешел
Состојки
- Тесто
- 100 г путер
- 1 јајце
- 1/2 лажица шеќер
- 1,5 лажица павлака
- 2 лажици гриз
- половина лажиче прашок за пециво
- околу 180 г брашно (по потреба)
- лешници или бадеми колку што ќе има колачи
- Сируп
- 250 г шеќер
- 350 мл вода
- 1 пакетче ванилин шеќер
Подготовка
Лични, вкусни, се топат в уста - омилените урмашици само сега во малку поинаков облик.
Подготовка
Прво подгответе го сирупот-ставете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер во тенџере и варете околу 10 минути. Оставете го да се лади.
Изматете го путерот на собна температура, додадете шеќер, јајце, павлака, изматете убаво и на крај додадете гриз, прашок за пециво и брашно по потреба. Тестото мора да биде фино, меко и мазно.
Одделувајте топчиња по околу 20 грама едно, а потоа формирајте „валјак“ од секое од нив. Притиснете го валјакот во чешел (неискористен, се разбира).
Обликувајте ги како на постапката на фотографијата (последна слика), па наредете ги во плех (премачкан со малку масло). Ставете по еден лешник или бадем на средина.
Печете на 200 Ц околу 20 минути.
После печење, прелејте ги со млакиот сируп. Оставете ги да го апсорбираат сирупот и да се изладат, потоа се спремни за послужување.
Од оваа мера ми излегоа 16 парчиња, по 20 гр. тежина.