Испечати

Карфиол на италијански начин

Карфиол на италијански начин

Состојки

  • 1 главица карфиол
  • 2 главици кромид
  • 2 чешнина лук
  • 500гр доматен сос
  • 200гр кашкавал

Подготовка

Еден здрав, вкусен, ручек што можете да го искористите во гарнир со што сакате, а можете и како предјадење, да си го консумирате и вака.
Главицата карфиол разделете ја на покрупни цветови, измиете ја и ставете ги во солена вода да одстојат 10 тина минути.
За тоа време, во тавата за пржење Делимано, испржете го кромидот и кога малку ќе зарумени префрлете во поголемо тенџере, додајте го карфиолот и околу 200мл вода или ќе видите доволно колку да го покрие и оставете да се динста кратко, 10 минути.
Во округлата тава на Делимано, го ставаме доматното пире, лукот, босилок и прстофат сол. Издинстаниот карфиол наредете го во тавата, изрендајте го на крупно кашкавалот и ставете да се пече на 200 степени околу 20мин, убаво да зарумени кашкавалот не и да изгори.
Моја препорака е да ја ставете тавата на најдолната решетка од рерната.

Забелешка

Искористете ја водата каде што се динсташе карфиолот, додајте по ваш избор морков, ѓумбир и подгответе вкусна чорба, додајте оцет, лимон...