Ладна бела супа - Ајо Бланко
Состојки
- 200 гр. бадеми
- 2 чешниња лук
- 100 гр. бел стар леб
- околу 500 мл. ладна вода
- 70 мл. маслиново масло
- 30 мл. вински оцет
- на вкус бело грозје
- на вкус сол
Подготовка
- Одстранете ја кората од стариот леб - потопете во вода да одстои преку ноќ или ако ви се брза нека одстои најмалку 15-20 мин.
- Бланшираните,излупени и потпечени бадеми (можете да користите и лупени) ставете ги во процесорот, додаете го исцедениот леб, лукот и дел од водата, вклучете го процесорот. Треба да добиете густа фина каша. Продолжете да процесирате додавајки притоа наизменично водата, оцетот и на крај маслото, нека се тоа добро измеша. Отворете и погледнете ја густината на добиената смеса, ако сметате дека е премногу густо слободно додавајте вода, односно во оваа супа ќе додадете толку вода колку што сакате да биде густа супата. Осолете на вкус.
- Ставете ја да се многу добро олади потоа служете ја притоа ставајки во тањирот бело грозје поситни зрна или преполовени поголемите зрна. Можете и одозгора да посипете малку масло, малку бибер, буковец... но јас ја сакам токму ваква...
- Оваа супа исто така е вкусна кога покрај грозјето ќе додадете и топчиња од диња - ма одлична е за многу топлите денови - многу добро оладена.
НАПОМЕНА
- Ако ги бланширате дома бадемите и лупите, кога ќе ги потпечете внимавајте да не ги препечете бидејки битно ќе ја смени бојата на оваа фантастично бела ладна супа.
Од љубопитност за оваа бела чорба или супа дознав дека токму ова го правеле земјоделците од Андалузија илјадници години, се со цел да се со неа закрепнат како не би дехидрирале на високите температури. За нив немало ништо подобро од добар ајобланко!
Велат дека Ајобланко е едно од оние традиционални јадења што припаѓа на добро вкоренетата традиција на ладни супи од Андалузија, дека датира од времето кога доматите сè уште не пристигнале од Јужна Америка.
Овој рецепт за селани обично бил направен од леб, вода, масло, оцет, лук и бадеми, иако имало евиденција за сиромашни области каде бадемите биле заменети со брашно од сув грав.Потеклото на оваа освежувачка бела ладна супа можело да се пронајде во некои популарни римски супи (Римската кујна ја обожавам)направени од оцет, масло и леб, сите во еднакви делови. Но, токму арапската кујна со огромната употреба на бадеми дефинитивно влијаела на овој рецепт да се користат состојките она што денес се знае за ајобланко.