Зебра торта (без печење)
Состојки
- 1 литар млеко
- 2 пудинзи од ванила
- 8 лажици шеќер
- 1 лажица брашно
- 1 лажица путер
- 60 грама бело чоколадо
- 60 грама црно чоколадо
Подготовка
Брза лесна тортичка, нешто налик на монте пудинг.
Во млекото се додаваат сите состојки освен чоколадото и се става на тивок оган да се вари додека не се згусне (со постојано мешање). Потоа се дели на два дела, и во едниот се додава бело чоколадо сецкано или рендано, а во другиот црно чоколадо. Се меша додека не се растопи, па се истура наизмечино (во плехче обложено со фолија) една кутлача со бела смеса, па врз неа една со црна смеса. Дозата е како за мало плечхе, како за векна леб.
Се става во фрижидер да се стегне убаво, и се сечи на големи коцки.
По желба може одозгора да декорирате со шлаг.