Испечати

Погача Фанурија (посно)

Погача Фанурија (посно)

Состојки

  • 1* - 1 свеж квасец
  • 2* - 1 и пол филџан масло
  • 3* - 250 мл. млака вода
  • 4* - 1 лажица крстена вода
  • 5* - 7 лажици шеќер
  • 6* - 1 ванилин шеќер
  • 7* - 500 гр. брашно
  • 8* - 1 лажица какао
  • 9* - 6 лажици сечкани ореви

Подготовка

Еве и од мене погача Фанурија, задолжително посна и со 9 состојки.
1. Во сад се ставаат продуктите до 6-тата состојка, се мати со жица.
2. Потоа постепено се додава брашното (просеано), се замесува меко нелепливо тесто. Зависно од брашното може да имате уште 50-тина грама за резерва.
3. Тестото се дели на 2 дела, првин едниот дел се сучи во правоаголна кора, се распоредува 1/2 лажица какао, а потоа 3 лажици сечкани ореви.
4. Се витка ролат, се сечат парчиња и се реди во намрсено тавче бр.26. Истото се прави и со второто тесто.
5. Рерната се пушта да се загрева на 190 степени, а погачата за тоа време се остава да кисни на топло.
6. Потоа погачата одозгора се премачкува со масло и се пече 20 минути на 190 степени, а потоа уште 15 минути на 180 степени.
7. Кога ќе се испечи, погачата се премачкува со шербет (2 лажици шеќер и 1 лажица вода).
Едноставна и могу вкусна посна погача, а состојките може да се сменат и со други посни како суво грозје, брусница, мед, кора од лимон, лешници ...