Пиперки во сенф
Состојки
- 30 на број црвени ајварски пиперки
- 250 мл. 9% оцет
- 250 мл. вода
- 2 лажици шекер
- 1 лажица сол
- на вкус бибер, ловоров лист, лук
- 500 гр. сенф
- 250 мл. масло
Подготовка
Лесна подготовка.
- Пиперките исчистете од семето, иселете на ленти или коцки (како обожавате).
- Ставете во сад да проврие водата, оцетот,солта, шеќерот, биберот, лукот и ловорот, додадете го исечениот пипер и доколколу сакате да е крцкав варете околу 5 мин, а за помеки 10 мин. Ставете во цедалка да се цедат и истовремено да се оладат.
- Измешајте во друг сад сенфот со маслото да се спои, додадете ги оладените и исцедени пиперки, соберете во тегла.
Чувајте како и останатата зимница со тоа што кога отворите тегла нормално дека ќе ја оставите во фрижидер.
Ќе бидете презадоволни, знам јас...
Уживајте.