Испечати

Кремасти компири со прелив

Кремасти компири со прелив

Состојки

  • 1 кг компири
  • 700 мл вода
  • 200 мл млеко
  • 1 крем супа од печурки (може и од брокула)
  • 100 мл масло
  • 200 гр печеница,сланина,пршута ,...по избор
  • 1 кромид

Подготовка

1. Најпрво се сечат компирите на коцки, се става масло и сол. се ставаат во садот да се печат во загреана рерна 20мин.
2. Додека се печат се прави преливот од супата. Се става во тенџере 800мл вода и 200млеко. Се додава супата од печурки и се вари 10 мин.
На страна се сецка сланината(пршута,печеница...) и кромидот се запржуваат 3 минути и се истура врз полупечените компири. Потоа се става супата од печурки и се меша со дрвена лажица.
3. Се печи на 200С-35мин. На здравје!!!