Испечати

Чоко мус торта со орео бомбици

Чоко мус торта со орео бомбици

Состојки

  • основа
  • 2 белки
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици мелен орев
  • 1 лажиче какао
  • 1 лажиче брашно
  • некое зрно сол
  • Жолт крем
  • 300мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 30гр путер
  • 1 кесе желатин, 10 гр
  • 3 лажици вода
  • 2 лажици несолена урда, рикота
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 2 жолчки
  • 100мл слатка павлака
  • Чоко мус
  • 150гр црно чоколадо ,45 % какао маса
  • 150мл слатка павлака
  • мус од млчечно чоколадо
  • 100гр млечно чоколадо, ноисит
  • 100мл слатка павлака
  • Мали орео бомбици
  • 100гр мелени орео кекси, без фил
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 80гр чоколадо
  • 30гр путер
  • Декорација. Трошки шарен шеќер, парчиња свежи смокви, ливчиња нане

Подготовка

Прво ги подготвуваме малите орео бомбици.

Во мала касерола ги ставаме млекото, шеќерот, путерот и чоколадото.
Оставаме на тивок оган да се соединат.
Тргаме од оган и ги додаваме мелените орео кекси.
Убаво смесата ја изработуваме со рака и формираме мали орео бомбици.
Јас направив 30.
Оставаме во фрижидер да се изладат.
Сега ја подготвуваме основата на тортата.
Во вангличка ги ставаме белките, матиме со миксер, додаваме некое зрно сол и шеќер.
Со исклучен миксер ги додаваме соединетите брашно, какао, ореви.
Убаво со шпатула соединуваме.
Смесата ја ставаме во калап бр 20 .
Израмнуваме и печиме околу 10 м на 180 с.
Оставаме малку да се излади.
Ако сме ставиле хартија пред печење ја одстрануваме и тестото го враќаме во калапот.
Сега го подготвуваме жолтиот крем.
Во касерола на тивок оган го ставаме млекото, шеќерот, прашокот за пудинг и жолчките.
Со постојано мешање го вариме кремот до згуснување.
Додека е жежок го додаваме парченцето путер и енергично промешуваме за да се изедначи смесата.
Кремот го покриваме со проѕирна фолија за да не фати коричка.
Во мал сад го ставаме желатинот и водата за да набабри.
Сега во вангличка ги ставаме несолената урда и шеќерот во прав.
Матиме со миксер 2 минути.
Потоа лажица по лажица го додавме изладениот жолт крем.
Матиме со најмала брзина на миксерот.
Желатинот на тивок оган го загреваме, да стане течен и него го додаваме кон претходната смеса.
Во тенок млаз ја додаваме и слатката павлака и соединуваме со миксер.
Овој жолт крем го нанесуваме врз основата на тортата.
По површината ги редиме малите орео бомбици.
Оставме во фрижидер на 30 минути да се лади и стегни кремот.
Сега во касерола стаавме слатка павлака и го додаваме искршеното чоколадо со 45 % какао маса.
Кога ќе се загрее тргаме од оган, промешуваме и оставаме да се лади.
Потоа матиме со миксер, до средна густина, никако не смее да се премати, бидејќи ќе се претвори во путер.
Овој ганаш го нанесуваме врз жолтиот крем, односно врз орео бомбиците.
Оставаме во фрижидер да стои 30 минути.
Во мала касерола ставаме слатка павлака и додаваме млечно чоколадо за да се загрее.
Од кога е смесата изедначена тргаме од оган.
Оставаме и таа да се излади , па и неа кратко ја матиме со миксер.
Нанесуваме врз изладениот ганаш.
Посипуваме шарен шеќер на половина од тортата и оставме во фрижидер, неколку часа.
Потоа ја декорираме по желба, го одстрануваме обрачот на калапот и доообро изладената торта ја сечема на парчиња.
Дегустираме со семејството.

Подготвена торта во спомен на мајка ми, која многу ми недостасува...
Мамо почивај во мир...