Испечати

Катмер пита (пита за почетници)

Катмер пита (пита за почетници)

Состојки

  • 500гр брашно
  • 1лажичка сол
  • 350мл млака вода
  • 100гр растопен путер
  • За фил со сирење
  • 300гр сирење
  • 1лажица кисела павлака
  • За фил со месо
  • 300гр мелено мешано месо
  • 1 главица кромид

Подготовка

Ако не знаете да истегнете класични кори за пита, или ви е страв да почнете а сакате да направите домашна пита и да ги изненадите вашите најблиски, ова е вистински рецепт за вас, Катмер пита.
Резултатот е приииближно ист, фино лиснати кори, меки и сочни, со фил по желба.
Јас ја сакам и со сирење ама и со месо нема да одбијам.

Знам дека на странава има доста искусни домакинки, ама има и баш не толку искусни, на пример како мене.

Во сад измешајте ги брашното водата и солта.
Поделете го тестото на 6 еднакви дела.
Обликувајте топки и оставете ги 10 мин да одморат.
Со помош на оклагија, од топките формирајте кругови со приближно иста големина.
Таквите кругови намачкајте ги со растопен путер и наредете ги една преку друга, по три, односно ќе направите две купишта со по три кори. Оставете ги 10 мин.
Двете купишта малку истегнете ги со оклагија и пресечете ги на 7 места но не до крај (како на сликата)
Ваквите делови намачкајте ги со путер и преклопете ги едни врз други.
Превртете ги наопаку и оставете ги 10 мин.
После одмарањето, истегнете ги со оклагија, а потоа и рачно, сами ќе си процените, нанесете фил и внимателно заролајте.
Ваквите ролни ставете ги во тепсија, тава, ваш избор, намачкајте со растопен путер, и печете на 200степени.

Од подготовка не откажувајте се лесно, потрудете се и ќе видите дека го може тоа секој.