Испечати

Мармалад од црни сливи, подготвен во релна

Мармалад од црни сливи, подготвен во релна

Состојки

  • 5 кгр убави, зрели црни сливи
  • 1кг и 200гр шеќер
  • 100мл винска киселина
  • стерилни тегли

Подготовка

Мармалад кој плени со својата боја и вкус.
многу лесно се подготвува, бидејќи се готви во рерна и не бара постојано стоење на нозе и мешање на тенџерето.
Ја користев и многу практичната алатка на делимано, Јoy Meat Mincer Апарат за мелење

Работата ја завршив за многу кратко време.
Прво измиените сливи ги чистиме од семките.
Ги мелиме во апаратот, со кратко одмарање на истиот.
Сомелената смеса ја ставаме во шерпа, додаваме винска киселина и шеќер.
Промешуваме.
Шерпата ја ставаме во рерна да се готви мармаладот на 180 степени околу 1:30 до 2 часа.
Повремено, односно само 2-3 пати промешуваме.
Пред крај на чиста тацна ја проверуваме густината.
Може по желба да се додаде и 1 лажица рум.
Измиените тегли ги ставаме во рерна да се загреат, па жешкиот мармалад го собираме во жешки тегли.
Убаво нека се вакумираат, односно да се изладат, па ги складираме на рафт со зимница.