Испечати

Желирана Лубеница

Желирана Лубеница

Состојки

  • Пола Лубеница (помала)
  • мед (шеќер) 2-3 лажици (или по потреба)
  • по потреба Желатин

Подготовка

Доколку не ви се погоди лубеницата, ако е престасана или можеби не е блага, еве ви интересен начин за да ја искористите, посебно децата ќе се израдуваат на оваа желирана лубеница, која потсетува на гумени бонбони.

Најпрво ја длабиме содржината на лубеницата, ја блендираме и потоа добиениот кашест сок го прецедуваме преку цедалка. Добиената количина на сок ја мериме и сразмерно на неа додаваме желатин ( на 100мл сок ставив 10гр желатин )
Сокот од лубеница и претходно растворениот и набабрен желатин со дел од сокот ги ставаме во тенџере на тивок оган додека да се раствори желатинот ( без да зоврие ) и додаваме мед или шеќер доколку не е доволно благо, па потоа таа течност ја истураме во издлабената корупка од лубеницата. Се остава во фрижидер неколку саати додека да се стегне смесата.