Пита од свежи смокви и лешници
Состојки
- тесто
- 300гр брашно
- 1-2лажица кафен шеќер
- 2 жолчки
- 140гр маст или путер
- некое зрно сол
- кора од лимон или ванила
- фил
- 2 белки
- 2лажици кафен шеќер
- 200гр мелени лешници
- 1лажица брашно
- околу 400-500 гр свежи смокви
Подготовка
Го направив десертов од половина количина на состојки и многу ми беше мака што не ја направив цела доза.
Колачов е превкусеееен.
Туку ајде де, да не јадам многу благо хахаххаха....капитална грешка
Во вангличка ги ставаме состојките за тесто и набрзина го замесуваме.
Ако е многу суво може да се додаде 1 лажица млеко или ладна вода.
Веднаш го распоредуваме во калапот во кој ќе го печиме десертов.
Калапот го оставаме во замрзнувач, да одстои 5-10 минути, односно додека ги подготвуваме другите состојки.
Во вангличка ги ставаме белките, матиме па додаваме шеќер, па лешници и брашно.
Соединуваме со шпатула.
Може да се додаде цимет, ванила, кора од лимон...
Го вадиме калапот од замрзнувач, го нанесуваме белиот фил, односно тесто ќе биде кога ќе се испече и редиме парчиња свежи смокви.
Печиме околу 30 минути на 180 степени.
Го оставаме колачот на решетка да се излади, па сечеме парчиња и сервираме.
На здравје убавинава