Испечати

Брзо пилешко филе со сланина

Брзо пилешко филе со сланина

Состојки

  • 800 гр пилешко филе
  • 100 гр димена сланина
  • 400 гр свежи печурки(шампињони)
  • 500 мл неутрална павлака
  • 50 гр путер
  • 1 лажица сенф
  • сол, шарена сол

Подготовка

Многу ги сакам брзите ручеци кои не заостануваат по вкус на оние кои одземаат многу време. Пилешкото филе секогаш е идеално месо за подготовка на брз, а истовремено превкусен ручек. Бидејќи секогаш користам свежо филе прво филето го варам околу 5 до 10 минути.
На растопен путер во кој сме додале неколку капки масло за јадење го пржиме филето околу 5 минути.
Печурките претходно сецкани ги додаваме кај месото и заедно пржиме додека не испари течноста. На крај ја додаваме сланината и пржиме уште неколку минути. Додаваме сенф и зачини и убаво промешуваме.
На крај ја ставаме павлаката и оставаме да динста околу 5 минути.
Сервираме топло.