Испечати

Француски тост лепчиња (посно, веган)

Француски тост лепчиња (посно, веган)

Состојки

  • 200мл дмБио кокосово млеко
  • 2лажици дмБио јаворов сируп
  • 30гр брашно
  • 30гр густин
  • 6/8 парчиња тост леб

Подготовка

Сладок доручек. Ем посен, здрав, веган. Веднаш да си го зачувате рецептов. Толку вкусен што наутро ке ви го разубави денот. Мирисот на ванила и цимет дополнително ке ве расположи. Па уште и со јаворов сируп францускиот тост заслужува да биде на прво место во посните денови за доручек.
Епа да, успеавме и француските лепчиња да ги веганизираме.

Во оголем сад измешајте ги кокосовото млеко, јаворовиот сируп на дм био, ванилата и солта. Во друг сад измешајте го брашното и густинот и ставете ги во смесата со млекото. Ќе добиете не многу густа и не многу течна смеса.
Тавата за пржење на делимано ставете малку масло и ставете ја да се загрее на тивко. Кај мене 1.5.
Тост лепињата валкајте ги во смесата и ставете ги на тивко да се пржат од двете страни.
Во меѓувреме додека имаат потреба од масло за пржење слободно додавајте.
Декорирајте со јаворов сируп и мускатно оревче, може и шеќер во прав и цимет дополнително. Толку. За кратко време ќе направите доручек за паметење.

Забелешка
Може да користите било кое млеко, но кокосовото мислам дека вистински погодок.
Ако користите готов леб, погледнете го составот може некои да содржат и млечни продукти.
Наместо јаворов може агаве или кокосов шеќер.
Густинот ја дава таа структура како да се користеле јајца.
Користете било како брашно, може и брашно од спелта.