Испечати

Интегрална проја со маслинки и веган фета сирење (посно, веган)

Интегрална проја со маслинки и веган фета сирење (посно, веган)

Состојки

  • 1 шолја интегрално ржано брашно
  • 1 шолја ДмБио палента
  • 1 ќесичка ДмБио пециво
  • 1/2 шолја ДмБио маслиново масло
  • 1 1/2 шолја кисела вода
  • Веган фета сирење
  • 100 гр. маслинки
  • Сусам, црн сусам и семиња (по желба за наросување)

Подготовка

Ова е брз рецепт за вкусна и веганска интегрална проја која е редовно приготвувана и сервирана за појадок.

Постапка
Чекор 1 - Се мешаат посебно сувите (интегрално ржано брашно, ДмБио палента и ДмБио пециво) и течните состојки (ДмБио маслиново масло и кисела вода).

Чекор 2 - Потоа во течните постепено се додаваат сувите состојки со постојано мешање со лажица за да не се направат грутки.

Чекор 3 - Добиената смеса се истура во тава намрсена со малку масло.

Чекор 4 - Во смесата насекаде се става веган фета сирење исечено на парчиња и исецкани маслинки и се потиснуваат внатре во смесата.
Одозгора се наросува сусам, црн сусам, сончоглед и семки (или семиња по желба).

Чекор 5 - Пројата се пече во претходно загреана рерна на температура 180-200 степени 30-40 мин.

Добар апетит!