Египетска чорба од црвена леќа (посно)
Состојки
- 200 гр. црвена леќа
- 2 л. зеленчуков бујон
- 300 гр. сецкан кромид
- 250 гр. сецкан компир
- 8 чешниња лук
- 1 лажица маслиново масло
- 1/2 лажичка куркума во прав
- 1 лажичка сол
- 1 лажица сецкан магдонос
- 3 лажици сок од лимон
Подготовка
- Ставете во тенџерето да зоврие зеленчуковиот бујон (одмерете 2 л. вода и ставете 2 зеленчукови коцки), додадете ги сите одеднаш исецкани кромидот и компирот, леќата, лукот, нека вари на тивок оган околу 15-20 мин. или толку колку да омекнат сите состојки, исклучете огнот.
- На мало тавче на тивок оган ставете да се загрева маслото, во загреано масло додате ги куминот, куркумата и солта, пробркаувајте околу 2 мин. тргнете на страна да се лади околу 1 мин., потоа додадете кај леќата. Сега додадете го и магдоност, пробркајте и потоа целата смеса заедно изблендирајте ја. Закиселете со лимоновиот сок и сервирајте.
Знам дека на тема Црвена леќа има многу рецепти - секој за себе различен. Јас ја предлагам оваа чорба која ми се допадна кога ме послужија со неа во еден ресторан. Покрај неа ми донесоа и малку путер кој треба во така топла чорба да се додаде количински по сопствен избор. Одлична е...
Моите не го сакаат јакиот вкус и мирис на куминот и затоа во ваквите јадења секогаш мелам Ким... одлично и така со овој зачин.