Супа од домат со полнети лепчиња за мацкање
Состојки
- 6 големи домати
- 3 чешниња лук
- маслиново масло, сол и бибер
- 1 кромид
- 1 морков
- 1 стапче целер
- оригано, магданос, босилок, сол и бибер
- Бриош лепче
- Чедар кашкавал (листови кашкавал на коцки што се индивидуално спакувани)
Подготовка
Здрав, лесен и супер интересен ручек за цела фамилија.
6 големи домати пресечени на половина и легнати со кората надоле
3 чешниња лук
Посипете малку маслиново масло, сол и бибер
Печете од прилика 40 минути на 220С
Внимавајте лукот побрзо ќе се испече, извадете го кога ќе е готов.
Внимавајте да не го изгорите бидејки ќе горчи.
Во длабоко тавче (тоа што ќе го користите за супата) пропржете ситно
исецкан кромид, морков и целер (по желба)
Посипете малку зејтин и пропржете неколку минути, внимавајте да не ги
изгорите бидеќји ќе има горчлив вкус.
Додадете ги испечените домати и дополнете со вода до горе.
Нека зоврие неколку минути, потоа со рачен блендер, изблендирајте ја
цела супа за да нема крупни парчиња. Сега додадете оригано, магданос,
босилок, сол и бибер. Нека врие уште неколку минути и супата е готова.
За Лепчињата
Бриош лепче
Чедар кашкавал (листови кашкавал на коцки што се индивидуално
спакувани). Можете и друг кашкавал, но овој одлично се растопува,
еластичен е и затоа е лесен за виткање и совршена големина за бриош
лепче.
Исецкајте ја кората на лепчето, со сукало израмнете го, додадете 1
парче кашкавал и смотајте го. Загрејте тавче со путер. Немојте на
многу јако бидеќји така ќе останете со испечено лепче, а нерастопен
кашкавал. Ќе треба да додавате путер како што пржите.
Сервирајте топла супа со тазе лепчиња, мацкајте и уживајте!