Испечати

Панделки со џем од малини (посно, веган)

Панделки со џем од малини (посно, веган)

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 10 гр дмБио пециво
  • 20 гр ванилин шеќер
  • 125 мл пиво
  • 250 мл масло
  • 1 лажица шеќер со вкус на ѓумбир и портокал
  • прстофат сол
  • 150 гр џем од малини

Подготовка

Неодоливи, кревки и вкусни колачиња...И се разбира, многу брзи за подготовка...

Подготовка
1. Сите состојки ги ставаме во еден сад и замесуваме тесто.
2. Го расукуваме и вадиме кругови сдо калапче со големина по желба ама доволно големи за да може да се стави џем и да се спојат.
3.На секое кругче ставаме по мала лажичка џем и го спојуваме на средина.
4. Ги редиме во тавче и ги печеме во загреана рерна на 180 степени со вентилатор
5. Додека се печат внимаваме да останат бели.
6. Ги посипуваме со шеќер во прав.

Забелешка
Најпрво вклучете ја рерната да се грее па подготвувајте ги колачињата...за побрза подготовка...
Расуканото тесто треба да ни е со дебелина од околу 5 мм.