Јуфки на машинка
Состојки
- 20 јајца
- 1 рака сол
- 5 кг брашно
- 1 литар млеко
Подготовка
Во длабок сад се ставаат јајцата и се матат со вилушка. Се додава солта и млекото.
Постепено се додава брашното се меси долго додека не се добие убаво мазно тврдо тесто.
Потоа се дели тестото на 4 топки.
Се сучи едното тесто и се сечат коцки. Секоја коцка се поминува низ машинка бр 3.
Се прават така сите теста. Потоа се поминува низ бр 1 и се оставаат на Сонце да се исушат. Се собираат јуфките и во чист чаршав се сушат на промаја.