Испечати

Крекери

Крекери

Состојки

  • 1 шолја јачменово брашно
  • 1 шолја ржано брашно
  • 3/4 од шолјата мешавина од потпечени семиња ( сончоглед, сусам, семки од тиква и лен )
  • 1/2 шолја топла вода
  • 1/2 шолја пиво
  • 1 лажиче сол
  • 1 дмБио пециво
  • 4 лажици маслиново масло

Подготовка

Одлични крекери за доручек.

1. Семињата во блендер кратко ги блендираме, малку да се иситнат.
2. Во длабок сад ги ставаме семињата, ‘ ржаното брашно, јачменовото, солта и пецивото. Промешуваме.
3. Ги додаваме маслиновото масло, водата и пиво. Мешаме со лажица.
4. Смесата ја ставаме во плех обложен со хартија за печење. Врз смесата ставаме уште една хартија за печење за полесно и подеднакво да ја расукаме смесата . Ја вадиме хартијата за печење што ја ставивме одозгора. Со нож правиме засеци во големина по желба, за после сечење само да ги разделиме според засеците.
5. Печиме на 180 степени 30тина минути, во зависност од јачината на рерната, ќе ги проверите да не изгорат.

* шолјата е 250мл
* доколку сакате потенки и покрцкави, смесата ќе ја расукате во потенок слој
* јас сум правела и со бело вино , наместо пиво, исто така се убави и вкусни