Испечати

Мраморен кекс

Мраморен кекс

Состојки

  • 4 јајца
  • 270 гр. шеќер
  • 1 ванила
  • 150 мл. врела вода
  • 320 гр. брашно
  • 1/2 пециво
  • 1 лимон (кората и сокот)
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици вода

Подготовка

- Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додавајки ја и ванилата.
- Додека се матат јајцата ставете ја одмерената вода да зоврие и додавајте ја во млаз во садот во кој ги матите јајцата притоа постојано матејки, додадете го исцедениот сок од лимонот и изматете. Потоа додадете го брашното во кое веќе сте го измешале пецивото и ренданата кора од лимонот.
- Одвојте од добената смеса 7-8 лажици (можете и повеке), додадете ги во неа водата и какаото и измешајте убаво да нема грутчиња.
- Форма за куглов или модла која вие ќе си ја изберете со мала црпка зацрпувајте од жолатата смеса, ставете врз неа од смесата со какаото во помала количина и се така додека се потроши се. Налевањето е слично како зебра колачот, а можете да ја истурте жолтата смеса потоа кафената и со вилушка или нож да направите шари.
- Печете во претходно загреана рерна на 200 степени 30ина мин или според вас како печете вакви теста според вашата рерна.
Напомена
- Многупати ставам и сок од портокал исто така и кора од портокал.
- Овој кекс дозволува да си додадете некое суво овошје - најчесто ставам суво грозје и ореви.