Испечати

Веган колачиња со маџун и банана (посно)

Веган колачиња со маџун и банана (посно)

Состојки

  • 1/2 банана
  • 3 лажици џем од модри сливи
  • 5 лажици маџун
  • 10 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 2 лажици дмБио какао
  • 180 мл газирана вода
  • За прелив
  • 10 лажици маџун
  • 3 лажици какао
  • За одозгора
  • 100 гр сецкани ореви

Подготовка

Колачи кои се топат во уста. Вкусот е фантастичен...

Подготовка

-Во длабок сад, ставете ги брашното, какаото и пецивото. Промешајте.

-Во блендер ставете ги бананата, џемот и маџунот. Изблендирајте за да добиете еднолична смеса, а потоа додадете ја смесата во брашното, какаото и пецивото.
-На крај додадете ја и газираната вода и промешајте убаво со лажица да нема грутчиња.

- Добиената смеса ставете ја во калап за мини колачи и печите во загреана рерна на 200 степени околу 10 мин.

- Кога ќе се изладат, извадете ги колачите од калапот и наредете ги во тавче.

- Маџунот и какаото ставете ги во блендер или рачно промешајте убаво да се сврзат, па посипете врз колачите.

- Одозгора, ставете им сецкани ореви.

Добар апетит