Супа од пашканат, јаболко и морков со гарнир од леблебија и чипс од цвекло (посно, веган)
Состојки
- 2 чешниња лук
- 1 мал кромид
- мало парче ѓумбир
- 6 мали пашканати (или 3 големи)
- 2 големи јаболки (поблаги)
- 1 морков
- мешан сув зачин, црвен пипер, сол, бибер
- 1 цвекло
- 1 тегла дмБио леблебија
Подготовка
Пробајте нешто ново и искористете ги зеленчуците што веќе ги имате дома на еден поинаков начин.
Пропржете лукче, кромид и ѓумбир на малку зејтин (или путер). Потоа додадете исецкан пашканат, јаболко и морков. Додадете вода и нека поврие додека не омекне се'. Поминете ја супата со рачен блендер за една убава, густа супа.
Додадете малку млеко ако сакате уште покремаста да биде. Зачинете со сол, бибер, мешан сув зачин и црвен пипер. Нека поврие уште две минути и супата е готова.
Во меѓувреме додека ја чекате супата, тенко исецкајте го цвеклото и зачинете со сол. Една тегла дмБио леблебија измијте, отстранете ги лушпите и зачинете по ваша желба. Јас ги зачинив со лут сос, тобаско. Ставете во делимано апарат за печење со топол воздух или во рерна на 250 дури не станат крцкави колку што сакате.
Послужете топла со леблебија, парчиња цвекло и малку свеж магданос.
Како што е променливо времето сега, ова е одлична идеа за оброк под ќебенце со филмче кога ќе згрми надвор.
Уживајте и експериментирајте и со наједноставните работи.
*што поситно ги исецкате состојките, толку побрзо ќе ви биде готова супата*
*пробајте ја леблебијата зачинете со кумин, сув лук, сол, бибер и оригано. Ова е одлична идеја и за здрава ужинка кога ви се грицка нешто*
*погледнете ја и втората фотографија каде што се изложени потребните состојки*