Испечати

Пијалок за исфрлање токсини од телото (од домашната работилница)

Пијалок за исфрлање токсини од телото (од домашната работилница)

Состојки

  • 400гр кромид
  • 1л вода
  • 200гр мед или 300гр шеќер
  • 3 цм свеж ѓумбир
  • 2 лажици куркума во прав

Подготовка

Во касерола ја ставаме водата и ги додаваме главиците кромид, кои претходно сме ги исчистиле и исецкале на четвртини.
Оставаме да почне да врие, па додаваме свежо рендан ѓумбир и куркума.
Нека крчка на тивко, додека количината не се преполови.
Пред самиот крај го додаваме и медот и нека вари заедно 3 минути.
Сварената течност ја прецедуваме, па собираме во чисто, стаклено шише.
Консумирајте по две лажички од овој еликсир наутро, на празен стомак и два часа по оброкот.