Испечати

Тегнета пита со праз (посно)

Тегнета пита со праз (посно)

Состојки

  • 500гр Брашно
  • 1г.л. Сол
  • 4г.л. Зејтин
  • 250-300мл Вода (млака)
  • Фил
  • 4 страка Праз
  • За попрскување
  • по потреба Зејтин, сусам

Подготовка

Посно.... ама вкусно, омилено кај нас дома, секако и во мрсна варијанта.

1. Најпрво го припремам филот, односно го сецкам празот и го пржам во загреано масло додека да омекне. Додаваме сол по вкус.
2. Потоа го замесуваме тестото од наведените состојки. Веднаш го делиме на 4 топчиња, кои ги намрсуваме со зејтин, па ги рассукуваме во големина на чинија, пак ги намрсуваме со зејтин од двете страни, ги покриваме со стреч фолија и ги оставаме да одморат 30 минути.
3. Сега почнуваме со тегнење на тестото со намрсени раце врз чаршав, колку што можеме потенко. Краевите ги отсекувам со остро ноже.
4. Расфрлуваме од пржениот праз насекаде на кората, и со помош на чаршафот ја завиткуваме кората.
5. Истата постапка е со останатите 3 кори, ја формираме питата во тавче број 28, каде имаме ставено мрсна хартија за печење.
6. Попрскуваме одозгора со зејтин, ставаме сусам (ако сакате) и печеме на 250 степени до добивање на златна боја.