Испечати

Медитерански смокви во ароматичен сос

Медитерански смокви во  ароматичен сос

Состојки

  • 3 зрели, здрави, свежи смокви
  • 2лажици мед
  • 1 стапче цимет
  • 1 звездесет анис
  • 2-3 зрна бибер
  • 1 мешунка крдамом
  • 70гр путер
  • 3-4лажици бело, мускатно вино или сајдер,пиво, еден од најпопуларните нискоалкохолни освежителни пијалаци на светот

Подготовка

Во касерола на тивок оган го ставаме путерот да се растопи.
Ги додаваме половинките смокви и кратко , 1 минута ги запржуваме од двете страни, но внимателно, да не се скршат.
Додаваме мед, вино, ароматоични зачини.
На тивко нека крчка 5-6 минути, а при тоа со лажица ги прелеваме смоквите со течноста.
Сервираме во тајнирчиња по 2 половинки смокви, со свеж босилек или со топка сладолед...
Уживанција е десертов
предлагам да се користи сепак мускатно вино...изборот е ваш