Испечати

Намаз од тиквичка, грашок и сирење

Намаз од тиквичка, грашок и сирење

Состојки

  • 1 средно тикве
  • 1 филџан конзервиран грашок
  • 80гр бело сирење
  • 1/4лажиче свежо мелен бибер
  • 1/4лажиче сол
  • 1/4лажиче сенф
  • по желба лук, магдонос, босилек...

Подготовка

Печев пиперки на електрична скара и тука го испеков тиквето
Што не значи дека мора така, може да го испечите на ваш начин.
Го излупив од надворешната кора, го исеков на покрупни парчиња и го остаавив во цедалка 20 минути.
Потоа во чашата на нутрибулет ги ставив тиквето, конзервираниот грашак, сирењето, зачините.
Соединив неколку секунди, додека не добијам мазна структура.
го ставив во здела и го оставаив 30 минути во фрижидер, па го послужив како додаток со други предјадења, со добар аператив.