Испечати

Зелник со кашкавал, кечап и оригано

Зелник со кашкавал, кечап и оригано

Состојки

  • квас
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 100 мл. млака вода
  • 1 лажичка брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • тесто
  • 4 лажици масло
  • 1 лажичка сол
  • 200 мл. млака вода
  • 400 - 500 гр. брашно
  • дополнително
  • 100 гр. кашкавал (рендан)
  • по потреба кечап и оригано
  • по потреба маргарин и масло

Подготовка

1. Во сад се ставаат состојките за квасот, се чека да се активира.
2. Потоа се додаваат останатите состојки за тестото (прво без брашното), се мешаат состојките и постепено се става брашното месејќи и додавајќи колку ќе се впие, додека се добие нелепливо тесто.
3. Тестото се дели на 6 топчиња, секое топче со оклагија се сучи како мала тацна.
4. За долната кора треба 4 корички премачкани со маргарин освен четвртата и ставени една врз друга, а за горната кора треба 2 и само долната да е намачкана со маргарин.
5. Веднаш се зема купчето со 4 корички, се рассукува во кора за тава бр. 28 но и да има тесто за витката. Се премачкува со кечап, се наросува оригано, и се ренда кашкавал.
6. Се рассукува второто купче и се става врз филот со набирање, се прави витката, се сече на 8 дела, се боцка со вилушка и се премачува одозгора со масло.
7. Рерната се пушта да се загрее на 200 степени, а за тоа време зелникот кисни, штом се загрее се печи 20 минути.

> Не ставив салама и печурки бидејќи дел од домашните не ги јадат.
> Ако ставите посен кашкавал и други посни состојки во филот, имате вкусен посен зелник.
> Со дуплирање на состојките, направете зелник во поголема тава и со посакуваниот фил.