Испечати

Капрезе салата со глазура од балсамико

Капрезе салата со глазура од балсамико

Состојки

  • 2 патлиџани
  • 1 мало лажиче оригано
  • 200гр моцарела
  • 1 гранче босилек
  • 4-5 лажици балсамико
  • 2-3 лажици квалитетно маслиново масло

Подготовка

Го обожавам летото, заради тоа што нуди разни вкусови, овошја и зеленчуци.
Ги сакам свежите салати и суровата храна.
Еве ја добро познатата Капрезе салата, малку збогатена со балсамико.
Ја насецкуваме моцарелата на кругови.
Погледнете го мојот начин.
Доматите ги миеме и ги сецкаме на кругови.
Босилекот го кинеме со рака на ливчиња.
Во чинија ги редиме поклопени едно врз друго ред патлиџан ред моцарела.
По желба можете да ставите и ред босилек или така да го нафрлате босилокот.
Попрскајте го со квалитетно маслиново масло и наросете оригано.
Налејте и глазура од балсамико оцет кој претходно ќе го зовриете и ќе доведете како сируп.
Служете ја салатата свежо подготвена.
На здравје.