Испечати

Хумус со печено цвекло (посно, веган)

Хумус со печено цвекло (посно, веган)

Состојки

  • 1 тегличка дмБио леблебија
  • 1 поголемо цвекло
  • сок од 1/2 лимон
  • 50 мл маслиново масло
  • 2 лажици таан
  • 3-4 лукчиња
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Ова е едноставен хумус кој плени со бојата која му ја дава цвеклото...

Подготовка
1. Цвеклото го лупиме го намрсуваме(не мора) и го ставаме да ни се пече.
2. Леблебијата ја процедуваме и ја ставаме во блендер(Нутрибулет)
3. Кон неа додаваме зачини, чистеното лукче, таан, печеното цвекло и сок од лимон.
4. Блендираме, пробуваме ако е потребно додаваме зачини или сок од лимон, по свој вкус и хумусот ни е подготвен.
Послужете и уживајте!

Забелешка
Цвеклото го печев во аир фраерот, го излупив и го насечкав за побрзо да ми се испече. Ако го печете во рерна најубаво е да го завиткате во алуминиумска фолија посолено и малку попрскано со маслиново масло.
Не го ставајте целиот сок од лимон на почеток , најдобро е постепено и по ваш вкус.
Ако си варите сами леблебија, измерете околу 200 гр варена леблебија.