Испечати

Полнето кравајче

Полнето кравајче

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 300-320 мл. вода
  • 6-8 гр. квасец
  • 2 лажици масло + 1-2 лажици за премачкување на расуканата кора
  • 10 гр. сол
  • За премачкување и посипување
  • по ваш избор оригано, сусам, микс од семиња
  • според потребата масло

Подготовка

 - Замесете го тестото со водата во која сте го раствориле квасецот додавајки ја и солта. Покријте и оставете да стаса. Премесете повторно, постапката повторете ја уште еднаш.
Стасаното тесто истурете го на лесно побрашнета површина и со рацете без да го премесувате формирајте правоаголна кора во дебилина од окоу 0,5 см.
Премачкајте ја со масло, ставете фил по ваш избор. Јас ставив урда во која додадов магданос и малку сувомеснато. Замотајте во ролат и така замотан уште малку растегнете го, потоа замотајте во форма на полжав, со четка пак премачкајте со масло и оставете да стаса.
- Стасано ставете да се пече во претходно загреана рерна 180 степени или со вентилатор на 175 степени. Кога е печено извадете, со многу малку масло повторно премачкајте и покријте да се лади.
Совет
- Доколку милувате да ставите од некоја врста на семе, тогаш кога формираното кравајче го премачкувате, посипете со семето и нека стасува, а доколку се одлучите за сува заливка - тогаш кога е печено и премачкувато со масло - посипете.
Јас одлучив да ставам оригано од причини што одлично се вклопуваат вкусовите на полнењето и декорацијата од домати и маслинки.
Многу ми е вкусно кога ставам и праз со урда... милина и така е.