Испечати

Чиа Пудинг со ленено семе

Чиа Пудинг со ленено семе

Состојки

  • 5 лажици чиа семки
  • 5 лажици мелено ленено семе
  • 1 лажичка мака корен (по желба, може и без)
  • Дополнително
  • свежо овошје по желба
  • една рака гранола
  • малку семки од тиква
  • 1 мала лажичка путер од кикирики
  • малку цимет
  • 1 банана

Подготовка

За Добро Утро 
Трите состојки ставете ги во тегла и наполнете ја со вода 1:3. Промешајте убаво со вилушка и оставете го во фрижидер преку ноќ. Оваа доза ми е за 5 дена доручек, можете количината да ја смените, помалце или повеќе, но запазете на 1:3.
Следното утро ставам 3 лажици од чиа смесата со 2-3 лажици Баланс кисело млеко. Тазе овошје (сега е или капини или малини), една рака домашна гранола, малце семки од тиква, и мала лажичка путер од кикирики. Пропрскајте со цимет. Јас не користам засладувач, но ако сакате сега додадете агаве или мед. Можете да додадете други овошја по желба, на пример банана.
Одличен балансиран доручек што ќе ве задоволи и ќе ви даде сила за цел ден. Исто така е одлична идеа за брз доручек кој ви е приготвен вечерта унапред.
Уживајте ☕❤