Роловано свинско филе
Состојки
- 1 свинско филе, 300-400 гр
- Сенф, бибер, сол, масло, зачин
- 6-7 листови блитва
- 2 кисели краставички
- стапчиња кашкавал
Подготовка
На филето прво му ги одстрануваме жиличките доколку ги има.
Внимателно го разлистуваме со нож.
Го поставуваме на даска за чукање, го покриваме со проѕирна фолија и внимателно го чукаме.
Го премачкуваме со сенф, го зачинуваме од двете страни и го роламе.
Врз него капнуваме и малку масло.
Го завиткуваме во прозирна фолија и го оставаме во фрижидер 1 час.
Измиените и исчистени листови блитва од средишниот дел ги бланшираме и ги просушуваме на кујнска крпа.
Филето го отвораме, поставуваме листови блитва, стапчиња кисела краставичка, стапчиња кашкавал.
Го заролуваме и го ставаме во кујнски конец, односно кујнска мрежа.
Може прво кратко да се запржи или се става во пекач и се готви покриено околу 30 -40 минути и со отворен капак уште 5 минути.
Сечеме на парчиња и послужуваме со прилог по желба.
Јас во пекачот имав ставено и свински ребра и вкусот беше неодолив.
Готвев на умерен оган.