Салата од лубеница и пилешко месо
Состојки
- 100 гр пилешки стек
- 150 гр лубеница
- 200 гр марула
- 1 лажиче балзамиран оцет
- 50 гр ораси
- 100 гр сирење
Подготовка
Пилешкото месо сварете и исечете го на коцки.
Лубеницата исечете ја на коцки.
Марулата скинете ја на мали парчиња, додајте стек, лубеница.
Салата прелијте со маслиново масло и балзамиран оцет, одозгора изрендајте сирење и украсете со ораси.
Добар апетит!