Испечати

Домашна лимонада со цели лимони

Домашна лимонада со цели лимони

Состојки

  • 2 лимони
  • 1 портокал
  • 1 литар вода
  • шеќер или мед по вкус

Подготовка

Оваа лимонада е превкусна и често чувам бокал свежа лимонада во фрижидерот приготвена на овој начин.
Потребно е лимоните и портокалот да отстојат во вода со сода бикарбона претходно 1 час најмалку и потоа убаво да се измијат. Ако имате дрво со домашни лимони е идеално.
Двата цели лимони се користат со се лушпа, а портокалот се лупи зашто неговата кора горчи. Заедно со вода се ставаат во нутрибулет убаво да се изблендираат и потоа густиот сок се цеди преку крупна цедалка. Низ сокот треба да има ситни делчиња од овошјата. Се додава вода до 1 литар и се заблажува по желба.
Се додава мраз и се послужува.
Вкусот на вака подготвената лимонада е многу поинаков отколку со цедење само на сокот од лимон. Пробајте!