Мирисен ролат со кокос (без печење)
Состојки
- 100 мл вода
- 100 гр путер
- 100 гр шеќер
- 100 гр беби бисквит со вкус на банана
- 100 гр кокос
- 5 ресани со вкус на портокал
Подготовка
Подготовка
Во тенцере на оган, ставете ги водата, путерот и шеќерот да зовријат. Во меѓувреме изблендирајте ги беби бисквитите со вкус на банана заедно со ресанките.
- Штом ќе го тргнете тенџерето од оган, одма додадете ги изблендираните состојки и промешајте убаво да добиете еднолична смеса. Потоа, додадете го кокосот и повторно промешајте.
-Смесата ставете ја во калап за ролат и оставете во замрзнувач да стегни, потоа исечите го ролатот на парчиња и послужете.
Добар апетит