Испечати

Плескавици од тиквички

Плескавици од тиквички

Состојки

  • 2 рендани и исцедени тиквички
  • 2-3 чешниња толчен лук
  • 2 лажици сецкан свеж магдонос
  • 2 јајца
  • 2 лажици гриз
  • 4 лажици презла
  • половина пакетче прашок за пециво
  • 2-3 лажици брашно (или по потреба)
  • малку црн бибер и сол

Подготовка

Кај овој рецепт ми се допаѓа тоа што има малку брашно и предоминираат тиквичките и нивниот вкус. Задолжително е да бидат тиквиците исцедени од водата убаво и цедењето да трае подолго време, минимум еден саат колку поисцедени, толку помалку брашно ќе ви треба, може и воопшто нема да ви треба, затоа е наведено по потреба.

Подготовка

Прво изрендајте ги тиквиците, посолете ги и оставете ги да го ослободат вишокот на вода. Одвреме на време стискајте ги со рака и цедете ја водата. Оставете ги слободно 1 саат и повеќе во фрижидер.
Потоа измешајте ги со јајцата, додадете гриз, презла, магдонос, лукче, црн бибер, прашокот за пециво, а сол по потреба зашто претходно биле посолени. Измешајте убаво и ако смесата не е доволно густа, додадете 1-2 лажици брашно.
Потоа, во тава со загреано масло (користев Делимано фајвстар тава) вадете со лажица од смесата и истапкајте убаво и обликувајте со лажицата кружни форми со дебелина од околу 6-7 мм. Пржете на средна температура, превртете ги од другата страна по 7-8 минути. Готовите плескавици вадете ги на чинија со салвета за да се впие вишокот на маснотија.
Сервирајте со павлака, сирење, домат или по желба.