Испечати

Тарт со овошје

Тарт со овошје

Состојки

  • Тесто
  • 250 грама брашно
  • 150 грама путер
  • 80 грама шеќер во прав
  • 1 жолчка
  • 1 прстофат сол
  • 1 рендана кора од половина лимон
  • Крем
  • 500 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици густин
  • 1 лажица брашно
  • 50 грама путер
  • 2 јајца
  • Дополнително
  • овошје по желба

Подготовка

1. Брашното, шеќерот во прав, прстофат сол и ренданата кора од лимон се мешаат.
2. Ладниот путер се сецка на коцки.
3. Се замесува тесто. На почетокот се има чувство дека фали течност. Смесата станува ронлива, се додава жолчката. Тестото се меси додека не стане глатко.
4. Вака подготвеното тесто се витка во стреч фолија и се остава во фрижидер 30 минути.
5. Тестото го расукуваме малку поголемо од калапот и го префрламе во калап број 26.
6. Вишокот тесто од рабовите го сечеме со нож. Вака моделираното тесто во калапот го покриваме со фолија и го оставаме во фрижидер 1 час.
7. По еден час тестото се вади од фрижидер се боцка со вилушка на неколку места.
8. Се пече во загреана рерна на 180С околу 10-15 минути, додека не добие златно жолта боја.
9. Печеното тесто се остава да се олади.
КРЕМ
10. Во 150мл млеко се мешаат густинот, брашното и јајцето. Останатите 350 мл млеко се остават да се варат, пред крај се става смесата од јајца, густин, брашно и шеќер.
11. Заедно се вари додека кремот не се згусне.
12. Го тргаме кремот и додека е топол го ставаме путерот и мешаме додека се растопи.
13. Вака подготвениот крем го вадиме со повремено мешање да не фати кора.
14. Оладениот крем се нанесува врз тестото и се декорира по желба.
15. Најдобро е да се остави во фрижидер и да се послужи наредниот ден.

Пријатно јадење