Испечати

Кајмаци (Целуфки, Пуслици)

Кајмаци (Целуфки, Пуслици)

Состојки

  • 3 ( 120 грама) Белки
  • по потреба ( 240гр ) Шеќер
  • 1м.л. Оцет (или лимонов сок)
  • по потреба Прехрамбена боја

Подготовка

Пред скоро време ви го споделив рецептот за кајмаци со додавање на пудинг, овој пат ќе го споделам класичниот рецепт за нив, кој верувам дека на многумина им е добро познат, ама сепак да ви го споделам и мојот начин за правење на истите.

Подготовката е на следниот начин

1. Ги матиме белките на најјака брзина со миксерот, додаваме 1м.л. оцет или лимонов сок.
2. Постепено го додаваме и шеќерот, на неколку пати.
3. Матиме подолго време, околу 20-на минути, до добивање на потребната цврстина.
4. Смесата за кајмаци можете да ја ставите во шприц или едноставно со лажичка да ставате на хартијата за печење.
5. Се печат во загреана рерна на 100 степени - 1 час, а потоа ја исклучуваме рерната и ги оставаме внатре до потполно изладување.

Совети
- Употребете колку сакате белки, со тоа што ќе додадете шеќер дупло грамови од тежината на белките.
- Садот кадешто ќе матите пребришете го со оцет, па со сува салфета.
- Белките да бидат на собна температура.
- Ако вашата рерна има опција вентилатор, печете ги на тој начин кајмаците.
- Најубаво правете ги одвечер, и после 1 час печење, оставете ги во рерната до сабајле.
- По желба додадете боја и правете форми со шприц.

Во дополнителни фотографии имате неколку мои начини за правење на кајмаците.