Погача со фил од урда, тиквичка и јајце
Состојки
- 10гр свеж квасец
- 1лажиче пециво
- 1лажиче сол
- 1/2лажиче шеќер
- 2лажици маслиново масло
- 150мл топло млеко
- 1лажица јогурт
- околу 300гр брашно
- фил
- 150гр урда
- 1 јајце
- 1 средна тиквичка
- сол и бибер по вкус
- премачкување
- малку јајце и сусам
- 30 гр путер+1 лажица масло за коричките
Подготовка
Во вангличка ги ставаме млекото, маслото, јогуртот, квасецот, сол, шеќер и пециво.
Промешуваме, па додаваме брашно.
Замесуваме средно тесто кое го делиме на 4-5 топчиња.
Топчињата ги расукуваме во мали корички и ги премачкуваме со соединетите путер и масло.
Нека одстојат така додека го подготвуваме филот.
Тиквичката ја рендаме и ја посолуваме.
Ја оставаме во цедалка 10 минути, а потоа убаво со раце ја истиснуваме течноста.
Во сад ги соединуваме урдата, исцедената тиквичка, јајцето, сол , бибер.
Сега со дланките на намастена работна маса ги развлекуваме коричките.
Расфрламе од филот со лажица.
Правиме ролат, па ги завиткуваме како полжавчиња.
Ја формираме погачката.
Ја премачкуваме со малку изматено јајце и наросуваме сусам.
Оставме да одстои така додека се загрее релната на 190 с.
Печиме до заруменување.
Испеченаат погачка ја оставаме на решетка да се подизлади, па сечеме парчиња и послужуваме.