Испечати

Пивски солени колачиња со рузмарин и сончоглед

Пивски солени колачиња со рузмарин и сончоглед

Состојки

  • 2 чаши пиво
  • 1 чаша масло
  • 2 кафени лажици сол
  • 700 гр брашно или по потреба
  • 1/2 кафена лажица рузмарин
  • 2 лажици лупен сончоглед
  • 1 пециво
  • чаша = 200мл

Подготовка

Превкусни солени колачиња

Подготовка

Во длабок сад ставете ги пивото и маслото. Додадете сол, рузмарин, сончоглед. Промешајте.
Просеаното брашно заедно со пецивото постепено додадете ги во смесата и замесете меко тесто.

Расукајте кора и со помош на калап вадете кругови.
-Колачињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење
-Печите во загреана рерна на 200 степени околу 15 мин.

Добар апетит!