Испечати

Свечена торта

Свечена торта

Состојки

  • За пандишпани
  • 6 белки
  • прстофат сол
  • 150 гр. шеќер
  • 1 ванила
  • 60 гр. брашно
  • 90 гр. потпечени мелени ореви
  • 1/2 пециво
  • 50-60 мл. млеко за попрскување по кора
  • *Се прават 3 вакви кори по 6 белки.
  • 10 белки
  • прстофат сол
  • 250 гр. шеќер
  • 1 ванила
  • 100 гр. брашно
  • 150 гр. потпечени мелени ореви
  • 1 пециво
  • околу 100 мл. за попрскување
  • *Се печи една кора и се вадат три мали со пречник од 20 цм..
  • За кафеав фил
  • 1,5 л. млеко
  • 5 ванили
  • 150 гр. шеќер
  • 4,5 ќесички пудинг од ванила
  • 75 гр. нишесте
  • 15 жолчки
  • 375 гр. путер
  • 600 гр. црно чоколадо за готвење
  • 3 шлаг креми од ванила
  • 375 мл. ладно млеко
  • За жолт фил
  • 1,5 л. млеко
  • 5 ванили
  • 150 гр. шеќер
  • 4,5 ќесички пудинг од ванила
  • 75 гр. нишесте
  • 15 жолчки
  • 375 гр. путер
  • 600 гр. бело чоколадо за готвење
  • 3 шлаг креми од ванила
  • 375 мл. ладно млеко

Подготовка

Тортава ја правев за многу убав повод, нашата сребрена годишнина, со многу љубов и емоции и желба да ја повторам по 25 години....))))

Корите со по 6 белки ги печев во тркалезен калап со пречник од 30 цм., на 180 степени околу 15 мин., во претходно загреана рерна.
Корите се нежни и меки, по желба се попрскуваат со млеко.Јас ги попрскав.
Се спремаат стандардно, се матат белките во цврст снег со додавање на шеќерот на два-три пати,па редоследно останатите состојки.
Се печат 3 вакви кори и тие се долната, поголема торта.

Испеков и 1 кора од 10 белки. Таа се печи 20 мин. на 180.Неа ја исеков на три круга со пречник 20 цм., а плехот е 32х39 цм..Тоа е за втората торта, помалата што ја ставив одозгора.

За фил
1л. млеко се става на оган да зоврие со 5 ванили и 150гр. шеќер.
А, во 1/2л. млеко се растоварат 4-5 пудинзи од ванила,75 гр. нишесте, се додаваат 15 жолчки и се’ убаво се миксира.Се додава во зовриеното млеко и се вари до потребната густина.Колку подолго на умерен кон тивок оган, толку подобро за да се изгуби скробниот вкус.
Се трга од оган и се додава 375 гр. путер,се миксира да се стопи и впие во пудингот.Одма се додава и 600 гр. црно чоколадо.Се миксира да се стопи.
Се остава да се олади, целосно, со повремени миксирања.
Во сосема ладно се вмешуваат 3 шлаг креми од ванила изматени со 375мл.ладно млеко, како што пишува на упатството од ќесичките.

Филот го повторив уште еднаш, само што во другата половина додадов 600 гр. бело чоколадо.

Финална постапка
кора-жолт фил-кафеав фил
кора -жолт фил-кафеав фил
кора-по малку жолт, па со кафеав фил се премачкува цела торта.

Исто се сложува и малата торта.
Тортите ги ставив на картонска подлога, а во првата избоцкав дрвени стапчиња за раженчиња, за убаво да ја држат втората торта.

Ја украсив со фондан по Миња, претходно премачкана со кекс крема, а вие по желба. ❤